Седум повредени во напад во Париз. Напаѓачот е од Авганистан

Во неделата вечер во едно од предградијата на  Париз, се случи напад на маж во кој биле повредени седум лица, од кои четири потешко, јавува тамошната полиција. Напаѓачот е приведен, а според првичните информаци истанува збор за маж од Авганистан. Нападот се случил околу 23 часот во неделата во североисточниот дел од Париз, а напаѓачот најпрво со нож избодел двајца мажи и една жена.
Луѓето кои биле во близина се обиделе да го спречат напаѓачот, при што овој успеал да побегне, но потоа во една споредна уличка продолжил со нападите, при што ранил двајца туристи од Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.