Секое вадење заб го старее мозокот: Шокантно сознание на научниците – еве колку години има

Интересно е што истражувањата покажаа врска помеѓу здравјето на непцата и здравјето на мозокот, особено кога станува збор за Алцхајмерова болест.

Јапонските научници од Универзитетот Тохоку откриле дека повлекувањето на непцата и губењето на забите можат да влијаат на волуменот на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за меморијата и размислувањето.

Студијата, во која учествувале 172 лица над 55 години, покажала дека намалувањето на бројот на заби е поврзано со побрзо смалување на хипокампусот, што е поврзано со побрзо стареење на мозокот, до 1,3 години.

Резултатите укажуваат дека лошото здравје на непцата може да го зголеми ризикот од деменција. Студијата ја истакнува важноста на редовната орална хигиена, објавија Националните институти за здравство. 

The post Секое вадење заб го старее мозокот: Шокантно сознание на научниците – еве колку години има appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: