петок, 27 ноември 2026
Најново

Секое вадење заб го старее мозокот: Шокантно откритие на научниците – еве колку години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интересно е што истражувањата покажаа врска помеѓу здравјето на непцата и здравјето на мозокот, особено кога станува збор за Алцхајмеровата болест.

Јапонските научници од Универзитетот Тохоку открија дека повлекувањето на непцата и губењето на забите можат да влијаат на волуменот на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за меморијата и размислувањето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Студијата, во која беа вклучени 172 лица над 55 години, покажа дека намалувањето на бројот на заби е поврзано со побрзо смалување на хипокампусот, што е поврзано со побрзо стареење на мозокот, до 1,3 години.

Резултатите покажуваат дека лошото здравје на непцата може да го зголеми ризикот од деменција. Оваа студија ја истакнува важноста на одржувањето редовна орална хигиена, пишуваат Националните институти за здравје.