Секоја чест: Оваа хумана матурантка сите ги остави без зборови

Николина Субиќ е матурантка од Брчко, Босна и Херцеговина, која одлучи парите што ги добила за свечениот матурски фустан да ги донира во хуманитарни цели. Со просек 5.0, во средното училиште за земјоделски и медицински науки, на отсекот за фризери, одличната ученичка го освои градот со својот несекојдневен подвиг.
-Не сакав парите да ги дадам за некое парче облека во која само ќе прошетам. На овој начин, му помогнав на некој кому ова можеби ќе му значи. Горда сум на себе, успеав да го направам тоа што гo планирав, вели одличната матурантка за регионалниот портал nula49.
Парите од фустанот таа ги донираше за таткото на Теодор Лакиќ, 28-годишно момче со дијабетес кое ја разбуди хуманоста кај жителите на Брчко, но ја изгуби битката со болеста. Тој живееше во сиромаштија, во куќа без вода, сам со својот татко и оставен на цедило од државата.
Ова не е прва ваква акција на матурантката, заедно со свои соученици таа веќе учествувала во акцијата за помош на зружението „Повеќе бебиња“, а нејзините сограѓани се надеваат дека ваквиот подвиг ќе биде инспирација и за останатите жители на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.