Секојдневни работи кои не знаете дека ги правите погрешно

Во секојдневието, многу често знаеме да ги правиме работите на покомплицираниот начин, без да знаеме дека постои поедноставен.
Дури и за најобичните работи како лупење портокал или закачување облека треба да ја употребиме имагинацијата и да размислуваме „надвор од кутијата“.
Со триковите во продолжение ќе сфатите колку поедноставно може да ги правите секојдневните работи, без да се мачите или да правите хаос.
Сигурно правите барем дел од овие работи на погрешен начин – погледнете кој е подобриот:
1. Направете си сад за чипс од самото пакување.


2. Излупете го портокалот така што ќе го „одвртите“ од лушпа – земете нож, пресечете ги горниот и долниот дел од портокалот, потоа пресечете вертикална линија до средината и отворете го.


3. За полесно да изедете мафин, пресечете го тестото на пола и долниот дел ставете го врз филот за да го покриете и полесно да гризете.


4. Полесен начин за закачување облека што ќе ви заштеди простор:


5. Кога го бришете подот, замотајте ги стапалата со крпи за да не се измокрите, но и да може слободно да се движите без да извалкате повторно.


6. При селење практикувајте го овој метод за полесен транспорт на закачени парчиња облека.


7. Кога сакате да пречкртате нешто што сте напишале, не ставајте рамни линии, туку напишете

рандом букви одозгора за да биде уште потешко за читање и разбирање.
8. Лист хартија може да ви помогне да достигнете до чипсот на дното од тубата, наместо да „брцате“ со раце.


9. Капаците за чаши не се само за полесен транспорт, може да служат и како подлога.


10. Полесен начин за пакување облека што ќе ви заштеди простор:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.