Секс-фетиши и практики кои возбудуваат

Сексуалната привлечност кон предмети или делови од телото кои не се конвенционално познати како сексуални се смета за секс-фетитш. Вообичаено кога ќе се спомене секс-фетиш се мисли на работите кои ни предизвикуваат сексуално возбудување. Фетишот всушност претставува одреден предмет или дел од телото кој го обожаваме и кој ни предизвикува сексуално задоволство.
Како едни од најпознатите делови од телото кои предизвикуваат особено сексуално задоволство и се добро познати секс-фетиши се: градите, задникот, ушите и стапалата. Додека од предметите како најпознати може да се споменат камшикот, мрежестите чорапи, кожата, латексот, гумата, црвениот кармин и слично.
Балони – дувањето балони и аранжирањето на просториите со балони нè асоцираат на подготовки за родендени и други видови веселби, но кај некои личности, дувањето балони, самиот нивни мирис и лебдењето во воздух, се предизвикувачи на сексуално задоволство. Балонот кај нив буди и создава сексуална возбуда.
Скокоткање – нежниот и скокотлив допир на партнерот е добар начин за да се зачини предиграта и да се предизвика големо сексуално задоволство. Кај некои лица ненадејното скокоткање предизвикува голема сексуална возбуда.
Храна – сексуалната игра во спалната соба зачинета со малку шлаг секако е забавана и возбудувачка. Но, одредени лица имаат потреба да бидат засладени од глава до петици, целосно намачкани со шлаг, мед или друг вид храна. Воедно тоа подразбира и играње со храна во креветот или пак имање директен сексуален однос со неа.
Кукли – спиењето покрај кукла за некои претставува секс-фетиш. Тие со куклата воспоставуваат врска, имаат секс со неа и уживаат во нејзиното присуство. Овој фетиш е познат под името агалматофилија, кога лицата сакаат да имаат сексуални односи со статуи, статични кукли-манекени или пак со кукли на дување. Може е малку чудно и невообичаено, но има луѓе кои ова го сакаат.
Маскоти и униформи – малите крзнени мечиња изгледаат симпатично и слатко и се добар подарок. Но, кај некои личности тие предизвикуваат возбуда. Ваквите луѓе се облекуваат како маскоти само за да имаат секс, бидејќи самата помисла на крзнени костими и кукли кај нив предизвикува сексуална возбуда. Додека некои се облекуваат како маскоти, други пак облекуваат различни униформи, како на пример униформа на полицаец, пожарникар, медицинска сестра и слично, бидејќи тоа е начинот на кој тие сексуално се возбудуваат.
Постојат многу различни начини на кои луѓето се возбудуваат и го задоволуваат својот сексуален апетит. Не би смеело да се заборави да се спомене галењето на косата, допирите и самиот поглед на стапалата на партнерот, пирсингот на одредени делови од телото, врзувањето на рацете или нозете, практикувањето на тантричкиот секс.
Кај машката популација дополнителна сексуална возбуда предизвикуваат и моментите на женска доминација, кога жената е таа која иницира на секс и е водич во сексуалната игра. Додека пак кај жените, дополнителна возбуда предизвикува носењето високи потпетици за време на сексуалниот чин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.