МВР поднесува кривични пријави за урбана опрема, а не реагира за 150 дивоградби во Општина Чаир, вели во гостување во Телевизија 24 градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
– Јас ќе го споменам конкретно овој случај каде добивме кривична пријава од МВР во кој станува збор за смешно, тенденциозно обвинение за поставување на урбана опрема на јавна површина, за маси и столчиња, а во овој случај имаме конкретни докази за повеќе од 150 дивоградби на неколкукатници и тука е селективноста и она што го констатираме и преку извештајот на Европската комисија. – вели Митовски.



