Селман Мујовиќ, по потекло од Црна Гора, и Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, се познаваат уште од детството – нивното пријателство трае повеќе од две децении – тие пораснале заедно, оделе во исто училиште (Бронкс Сајанс), славеле родендени и поминале низ бројни животни фази.
Тие секогаш се поддржувале еден со друг, и во моменти на успех и во предизвици.
Денес, кога Мамдани ја презема функцијата градоначалник на „Големото јаболко“, Селман со гордост гледа кон својот долгогодишен пријател, со кого ги споделува вредностите на посветеност, солидарност и заедничка борба за пофер општество.
ЛИНК ОД ВИДЕО
Кога на крајот од изборната кампања за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани откри дека го избрал „Селман од Црна Гора“ — човекот кој му рекол дека неговиот дедо, по неколку децении живот во Америка, ќе се регистрира и ќе гласа за прв пат токму поради него — многумина се прашуваа: кој е тој Селман?
Видео-снимката од тој дел од говорот на Мамдани предизвика големо внимание кај црногорската емигрантска заедница во Соединетите Американски Држави , но и во самата Црна Гора и регионот.
Набрзо се појавија бројни претпоставки, медиумите шпекулираа и поврзуваа различни Селмани со изјавата на Мамдани, додека екипата на порталот „Фокус ривју“ сепак го посети неговото семејство во Њујорк, сакајќи да дознае повеќе за човекот кој го охрабрил неговиот пријател – Зохран Мамдани.
„Селман од Црна Гора“ е научник и иноватор кој со години живее и работи во Њујорк. Неговиот татко е по потекло од Плав, а неговата мајка е од Гусиње.
Тој докторирал на Универзитетот во Мичиген , а неговата научна работа се занимава со развој на плазма технологии за прочистување на водата, кои користат електрична енергија и хемиски процеси за уништување на загадувачите.
Врз основа на истражувањето, тој ја основал компанијата Purafide LLC, со седиште во Њујорк, која добила поддршка од Националната научна фондација на Соединетите Американски Држави (NSF) преку престижни грантови за иновации во областа на заштитата на животната средина.
The post Селман од Црна Гора е еден од најдобрите другари на градоначалникот на Њујорк: Пораснале заедно, оделе во исто училиште, Мамдани го спомена на крајот од изборната кампања (фото) appeared first on Во Центар.



