65-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил нападнат од неговата мајка, соопшти МВР.
„На 25.08.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од Скопје пријавил дека на 24.08.2025 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговата мајка Т.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.



