Семејството заедно, и изобилството на трпезата! Вака семејството Живојиновиќ го прослави Велигден во вилата на Бежанијска коса

Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ покажа што има на велигденската трпеза на неговото семејство.Познато е дека во домот на Брена, мажите се задолжени за кујната. Така беше и овој Велигден, само  Виктор Живојиновиќ  сега имаше мала помош – неговата девојка Софија Спасојевиќ.Оваа млада двојка се потрудила да ги украси и бојадиса јајцата, а се одлучиле за светло црвена боја и техника на декупаж за јајцата да бидат што повпечатливи и естетски интересни. Покрај украсувањето, Виктор сериозно се посветил и на подготовката на храната. Живојиновиќи им приредиле сè побогата гозба на која се наоѓало се што сакаат – од печење, солени пити, колачи со вишни, разни салати и слатки, а сето тоа Виктор го сподели на својот Инстаграм профил.

Пронајдете не на следниве мрежи: