Семејството одлучи: Дувачкиот погребен оркестар ќе ја испрати Дивна Карлеуша со песна до вечниот дом

Дивна Карлеуша, мајката на пејачката Јелена Карлеуша, почина во својот стан на 61-годишна возраст, по долгата и тешка битка со болеста. Семејството на радиоводителката одлучи да ја испрати до вечниот дом со песната “Била је тако лјепа“, која ќе ја изведе Белградскиот дувачки погребен оркестар.
Погребот ќе биде извршен денес во 15:20 часот на Новите бежански гробишта во Белград. Оркестарот покрај таа ќе изведе уште неколку други песни.
Како што известуваат српските медиуми откако дозна за трегичната вест Јелена Карлеуша е во лоша емотивна состојба . Постојано е на лекови за смирување, за да може да ги издржи тешките мигови кои се пред неа. Таа, велат медиумите, само гледа во една точка, нема апетит и не пие ништо. Исто така, за наредните шест месеци ги откажала сите свои настапи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.