Семејството Ражнатовиќ имаат уште еден член

Анастасија Ражантовиќ на својот профил на Инсатграм откри дека нејзиното семејство е побогато за уште еден член.
Младата и надежна пејачка сподели видео снимка од преслаткото кученце кое се вика Мајки.
-Нов член на семејството, Мајки – напиша таа.

Потсетуваме, Ражнатовиќ летово го изгубија кучето Вито кое почина. Тој не успеа да се избори со болеста, а Анастасија тогаш се прости од саканото милениче. Инаку, тие се големи љубители на животни и постојано ги имаат во домот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.