Сергеј Варошлија повторно нападнат

Емисијата за мода на 1ТВ со Сергеј Варошлија предизвика многу реакции во јавноста кои не стивнуваат и денес . Пред неколку дена на големо се пишуваше  за упадот во телевизијата.Тие дадоа  видео изјава во врска со инцидентот.
Во видеото напишале: “Почитувани, Ве известуваме дека емисијата Мода на Сергеј Варошлија денеска нема да ја емитуваме во знак на револт за вчерашниот обид за насилство кој се случи во нашата телевизија”.
Имено, доцна вечерта четири лица упаднале во телевизијата и се обиделе да извлечат информации од вработените за тоа на кои локации се движи модниот критичар Сергеј Варошлија. За среќа, Варошлија во моментот не бил во просториите на телевизијата и немало повредени при инцидентот. 
Се јавија исто и многу реакции од родители и познати личности кои се најдоа коментирани во емисијата Мода .Варошлија има критичко гледање на модата и стилот на девојките кои ги споделуваат своите фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и не се цензурира во искажување на својот став . Овој пат тој е нападнат од родител кој тврди дека неговата ќерка има 13 години на фотографиите и не е вкусно да се коментира нејзиниот изглед. Дали некој ќе преземе правни дејствија против модниот критичар и новинар останува да видиме но сепак е малку чуствително прашање  кога ќе се најдете на мета и некој и ќе ве исмејува на ТВ емисија. Ваш коментар ЧИТАТЕЛИ!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.