Сергеј Самсоненко доби рок до 31.март да го расчисти долгот во РК Вардар, во спротива новата управа ќе враќа

Ракометниот клуб Вардар 1961 преку ваучер на располагање доби 310.000 евра. До последен момент беше неизвесно дали двократниот европски ракометен шампион и оваа година ќе се најде на листата на ваучери на АМС.
Главниот проблем беше фактот што сегашното раководство не ги презел долговите од претходниот сопственик, што е спротивно од правилникот на АМС, па затоа ваучерот „висеше“ до последен момент.
Новата управа на Вардар во предвидениот рок за аплицирање ги достави сите потребни документи до АМС, меѓу кои и тоа дека ќе ги преземе долговите на претходниот сопственик.
Поточно, поранешниот газда, Сергеј Самсоненко има рок до 31 март да ги затвори сите долгови кои ги остави зад себе кога го напушти клубот, во спротивно сите нерасчистени сметки ќе мора да ги преземе новата управа, на чело со претседателот Михајло Михајовски.
Точната сума на долгот на поранешното раководство не е позната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.