По драстичното слабеење, Серена Вилијамс изгледа подобро од кога било, а нејзините најнови фотографии се доказ за тоа…Серена Вилијамс присуствуваше на доделувањето на наградите „Принцезата од Астурија“ во Шпанија. Наградата се доделува на поединци од областа на уметноста, општествените науки и спортот кои направиле разлика во заедницата преку својата работа. Поранешната тенисерка , која неодамна проговори за употребата на лекови за слабеење , беше една од добитничките на наградите и потценување е да се каже дека блесна на настанот .Серена носеше црвен макси фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Деталите на предниот дел од фустанот беа исто така забележливи, давајќи му на целиот аутфит суптилна доза на елеганција.Креацијата е од индискиот дизајнер Гаурав Гупта и е дел од неговата колекција висока мода. Таа го надополни стилизирањето со брановидна коса што слободно паѓаше по рамената, како и шминка во земјени тонови што ја истакнуваше нејзината природна убавина.Всушност, Серена Вилијамс не е истата личност откако ослабе. Таа изгледа подобро од кога било! View this post on Instagram A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)
Пронајдете не на следниве мрежи:



