Сестрата на Бекам заврши во полиција по пријава на сопругот

Помладата сестра на Дејвид Бекам, Џоана Бекам (36) заврши на полиција откако нејзиниот сопруг Крис Донели (33) објави дека физички го нападнала и го погодила во главата со далечинскиот управувач.
Донели кој беше ѕвезда на британскиот “Големиот брат”, се скарал со сестрата на Бекам со која имаат бебе, по што таа го удрила со далечинскиот управувач.


Откако добил модринки и “слива” под окото, тој пријавил напад од сопругата во полиција.
Караницата настанала за пораките што Џоана сметала дека се доказ за неверство, објави “Дејли мејл”.
Бекам ги платил најдобрите адвокати, па случајот мора да оди на суд, но полицијата, по испрашувањето, сепак одлучила да не преземе понатамошни чекори против неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.