Сестрата на Роналдо ги налути навивачите на Јувентус

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катиа Авеиро, на себе го привлече гневот на навивачите на Јувентус.
Со потпишувањето за Јувентус најдобриот играч на денешницата Кристијано Роналдо стекна статус на „божество“ во Торино, меѓутоа неговата сестра нема да може да смета на наклоноста на навивачите на Јуве, поради последната објава на Инстаграм.


Катиа, објавила фотографија на која позира со куклата во природна големина на својот брат, а под неа ставила текст кој нималку не му се допадна на навивачите на Јувентус.
„Извинете, можете ли да ми кажете каде е Торино? Само да знам каде игра најдобриот на светот“ напиша Катиа која можеби сакала да биде духовита, но наместо тоа…
Некои навивачи отидоа толку далеку што и упатиле бројни навреди, нарекувајќи ја „необразована селанка“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.