СЕХА: Вардар Про блиску до пласманот на Ф4

Ракометарите на Вардар Про направија значаен чекор кон пласманот на завршниот турнир во СЕХА лигата, откако во неизвесен натпревар, во Скопје, го совладаа Нексе со 27:25.Победата на Вардар му ја обезбди Недановски, кој при резултат 25:25, најпрвин реализира седмерец, а потоа погоди и од игра со што го постави конечниот резултат.Најефикасен во редовите на Вардар беше Прибак со пет, Лазаров постигна четири, а Стоилов три гола.За разлика од Вардар Про, ракометарите на Металург, во саботата загубија од КО Загреб со 25:19.Македонскиот шампион, во Загреб отпатува со подмладен состав, 55 минути беше рамноправен со фаворизираниот домаќин, но на крајот мораше да го положи оружјето.Инаку, Металург во Загреб настапи со шестмина младинци во составот, кои одиграа одлично, а особено се истакна 16-годишниот Марко Нелоски кој со шест погодоци беше најефикасен во редовите на македонскиот првак.Следното, 17.коло во СЕХА лигата го носи македонското дерби во кое Металург ќе му биде домаќин на Вардар Про.
МакфаксРакометарите на Вардар Про направија значаен чекор кон пласманот на завршниот турнир во СЕХА лигата, откако во н

Пронајдете не на следниве мрежи: