Се бара краткотраен притвор за осомничениот за убиството во Сарај за да се обезбедат сите докази

Телото на убиеното 18-годишно момче од скопско Бојане е дадено на обдукција, а надлежниот јавен обвинител за 19-годишникот кој се сомничи дека го извршил убиството бара 48-часовен притвор.
– Имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата, информира попладнево Јавното обвинителство.
Полицијата денеска соопшти дека 19-годипното момче кое го извршило убиството е приведено, а случајот во полиција го пријавил неговиот татко откако синот му признал што сторил.
The post Се бара краткотраен притвор за осомничениот за убиството во Сарај за да се обезбедат сите докази appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: