Здраво Петар, како си денес? Грејната сезона заврши, полесно ли се дише сега?
Здраво, пријателу! Што се гледаме – ние се знаеме од мали, па ова интервју ми доаѓа ко муабет со другар. Искрено, добро сум. Иако работата не запира, си одвојувам време за она што ми е најважно – моето семејство. Сопругата ми е најголема поддршка во сѐ што правам, а времето поминато со неа, со двете ќерки и со родителите, ми дава сила да продолжам понатаму.
Исто така, многу ми значи што денес имам можност да ја продолжам мисијата на мојот постар брат Сретен. Тој ме научи на вредности – да живеам чесно, скромно и семејно. Тоа секогаш ми бил патоказ во животот, и денес, со сопругата и нашите деца, се трудам токму така да живееме – со почит, љубов и искреност.
Кога дојдовте на чело на ЕСМ Дистрибуција, со што се соочивте на самиот почеток?
Да бидам искрен – затекнавме прилично тешка ситуација. Финансиската состојба беше лоша, компанијата имаше проблем со ликвидноста, и реално – се доведуваше во прашање нормалното функционирање. Имаше непотребни трошоци, процеси што не функционираа како што треба, и договори што само ја оптоваруваа фирмата, а не носеа никаква корист.
Кои беа првите потези што ги презедовте за да ја средите ситуацијата?
Прво направивме детална ревизија – буквално прегледавме сè. Ги сечевме непотребните трошоци, и со сите партнери седнавме на маса да ги преразгледаме договорите. Успеавме да постигнеме многу подобри услови, што директно ја подобри ликвидноста и ја оптимизира работата.
Исто така, имавме и случаи на луѓе кои со години не доаѓале на работа – а сепак земале плата. Тие ситуации ги решивме правно, и тоа ни донесе подобра ефикасност и помали трошоци.

Во делот на набавки, направивме големи заштеди – на пример, склучивме нов договор за топлинска енергија со речиси двојно пониска цена од тоа што било порано. А со новиот план за јавни набавки за 2025-та, буџетот го скративме за преку 230 милиони денари – што е рекорд во историјата на претпријатието.
Имате ли направено промени и во човечкиот ресурс – односно кај вработените?
Да, и тоа како. Наместо да ангажираме надворешни и скапи фирми, се свртевме кон луѓето што веќе работат кај нас. Имаме одлични инженери, со многу искуство – кои претходно биле игнорирани. Сега тие се во прв ред и активно придонесуваат. Почнавме да работиме по принцип – кој работи, заслужува. Се знае кој, што и како – со транспарентност и отчетност.
Како ја гледате иднината на ЕСМ Дистрибуција? Дали планирате нови инвестиции и зголемување на инфраструктурата?
Ќе бидам краток и јасен – оваа фирма ја гледам како мој втор дом, а вработените како мое семејство. И затоа се грижам за нив и за претпријатието исто како за мојот дом и моето семејство.
Нашата визија е јасна: сакаме стабилна, модерна и ефикасна ЕСМ Дистрибуција. Планираме сериозни инвестиции во инфраструктурата, со фокус на нови технолошки решенија, дигитализација и подобрување на услугите за граѓаните. Иднината ја гледаме низ призма на развој, одговорност и грижа за секој вработен и секој потрошувач.
Ви благодариме за искреноста и издвоеното време. За крај, пораката до читателите на 365.com.mk?
Ти благодарам и јас за муабетот и убавото кафе. Многу ми значи кога има простор за отворен и искрен разговор. Ќе продолжиме да работиме посветено и чесно, и да градиме стабилно претпријатие во кое сите се чувствуваат сигурно и вреднувано. Благодарност до 365.com.mk за можноста.
Правна напомена:
Сите објавени содржини (вклучувајќи текстови, слики, видеа и други медиумски формати) на оваа веб-страница се авторски заштитени согласно Законот за авторското право и сродните права („Службен весник на РМ“ бр. 115/10, 24/11, 47/11, 53/11, 44/12, 136/12, 45/14, 154/15, 27/16, 83/18, 33/20 и 290/21) и Законот за медиуми („Службен весник на РМ“ бр. 184/13, 13/14, 77/15 и 132/16).
Забрането е секое неовластено копирање, пренесување, објавување, обработка или користење на овие содржини без претходна писмена согласност од авторот или правниот носител на правата.
Сите содржини се под ESM дистрибуција, со која постои формален договор за правна заштита, и строго е забрането било какво преземање, вклучително и преку RSS feed, без изречна дозвола.
Секое прекршување на горенаведеното може да предизвика граѓанска и кривична одговорност, согласно членовите 16, 22, 23, 26 и 27 од Законот за авторското право.
Пронајдете не на следниве мрежи:



