четврток, 26 ноември 2026
Најново

Се зголемува бројот на починати од западнонилска треска, Македонија ја брои четвртата жртва

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Западнонилската треска зема уште една жртва со што бројот на пациенти кои починаа од оваа болест се искачи на четири.

Починатиот има 76 години и на Клиниката за инфективни болести се лекувал 27 дена но поради дополнителни придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови починал.
– Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Фадил Цана.

Поврзани вести