Се маскирал во неговата мајка за да го положи нејзиниот возачки испит- а поради еден детаљ започнал пеколот кој скапо го платил

Еден маж на 43 годишна возраст од Бразил се маскирал во неговата мајка како наместо неа би го полагал тестот за возачки испит.
Бидејќи неговата мајка (60) Марија го паднала испитот три пати тој се одлучил тоа да го направи тој наместо неа.
Облекол цветна блуза, ставил нокти и перика, возел некое време и си мислел дека неговиот план ќе успее.


Меѓутоа сомнежите се развиле кога се открило дека жената која седи зад воланот не е истата како на личната карта.
-Се обидуваше да биде природен колку што може. Ставил доста шминка на себе и ноктите му беа добро средени, а носел и женски накит, вели инструкторката Алин Мендонса.
По сомнежите комисијата викнала полиција и тој бил уапсен, тој тврди дека неговата мајка не знаела за овој негов план.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.