Се маскираше во Дедо мраз, но веднаш го препознаа: Еве кого Барак Обама посети пред Божиќ

Поранешниот претседател на САД Барак Обама облечен како Дедо мраз неодамна посети една болница во Вашингтон каде престојуваат болни дечиња.
Со капа на главата и вреќа на грбот ги развесели болните дечиња и им подари подароци.
-Сакам на сите да им се заблагодарам. Имав прилика да разговарам со дечињата и нивните семејства.

Како татко на две деца можам да замислам дека во овие мигови на децата најважно им е да имаат некој кој ќе ги држи за рака.
Според реакциите на пациентите, вработените и останатите присутни е доказ дека популарноста на поранешниот претседател на САД се уште е на високо ниво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.