Се намали ДДВ на одредени лекови и топлинска енергија

Вчера во рамки на 150 седница Владата ја усвои Предлог – одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.
“Со оваа одлука, како што се посочува, се намалуваат цените на одреден број на лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од пет отсто за топлинска енергија за греење, која беше усвоена на една од претходните седници на Владата“, е наведено во владиното соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.