Се огласи Белата куќа: Составена е нова верзија на планот за мир во Украина – кому најмногу ќе му одговараат новите промени?

Секој иден договор за прекин на војната во Украина мора целосно да го поддржува суверенитетот на Украина и да обезбеди одржлив и праведен мир, а Украина и САД изготвија ажурирана верзија на мировна рамка, објави денес Белата куќа.

Во заедничката изјава на САД и Украина се наведува дека конечните одлуки во рамките на овој план ќе ги донесат претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп .

Исто така, се наведува дека вчерашните разговори за мировна рамка во Женева биле конструктивни, фокусирани и полни со почитување, со акцент на заедничката посветеност за постигнување мир.

– Двете страни се согласија дека консултациите биле многу продуктивни. Разговорите покажаа значителен напредок кон усогласување на ставовите и идентификување на јасни следни чекори – се вели во соопштението.Се додава дека Украина и САД продолжуваат интензивната соработка по ова прашање, вклучително и тесната соработка со европските партнери.

– Украинската делегација ја потврди својата благодарност за непоколебливата посветеност на Соединетите Американски Држави и, лично, на претседателот Доналд Трамп за нивните неуморни напори насочени кон ставање крај на војната и губењето на животи – се вели во соопштението.

Делегации од Украина, САД и европски земји вчера во Женева разговараа за американскиот план од 28 точки за прекин на војната во Украина, откако Киев и неговите сојузници изразија незадоволство од делови од предложениот план што вклучуваат големи отстапки кон Русија.

Во меѓувреме, се појави и европски контрапредлог подготвен од Велика Британија, Франција и Германија.Како што е наведено, предлогот го зема американскиот план како основа, но потоа го анализира точка по точка со предложени измени и бришења на одредени делови.Меѓу другото, големината на украинската армија е ограничена на 800.000 членови во мирновременски услови.

Покрај тоа, САД даваат гаранција што го одразува Член 5 од НАТО, според кој сите членки на Алијансата имаат обврска да одговорат доколку една од членките биде нападната.

Точката 21 ја обврзува Украина да не се обидува со сила да ја врати окупираната суверена територија и да започне преговори за територијална размена од линијата на контакт.

The post Се огласи Белата куќа: Составена е нова верзија на планот за мир во Украина – кому најмногу ќе му одговараат новите промени? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: