Се огласи вдовицата на Шабан Шаулиќ- овие моќни зборови му ги упати на судот и исчезнатиот Турчин кој ја предизвика несреќата

Вдовицата на Шабан Шаулиќ Гордана (62) се огласи по повод гласините дека Турчинот кој е виновен за сообраќајната несреќа во која загина кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ дека исчезнал.
Гоца тврди дека судот во Германија знае каде се наоѓа Алсин Левент осомничен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која животот го загуби нејзиниот сопруг.
-Верувам во правдата на правосудниот систем во Германија. Правосудните органи добро знаат каде се наоѓа тој, вели Шаулиќ.


Таа откри и дека нејзиното семејство е во постојан контакт со тамошното судство и дека се надеваат судењето да започне многу наскоро.
-Во контакт сме со судот и имаме информација дека судењето ќе започне наскоро. Секако тој требаше одамна да започне, но важно е што тоа ќе се случи сега. Очекувам да добие максимална казна според тамошните закони, вели Гордана за српски „Информер“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.