Се огласи Карлеуша за состојбата на Дарко Лазиќ

Скоро целата српска естрада му посака брзо заздравување на пејачот Дарко Лазиќ кој вчера утрото доживеа тешка сообраќајна несреќа.
Имено тој во моментов е во вештачка кома и на апарати за дишење, а лекарите се борат за неговиот живот.

Една од многуте ѕвезди кои му посакаа брзо заздравување е и Јелена Карлеуша која преку својот Твитер профил му порача:
-Дарко е млад и јак. Апсолутно сум сигурна дека ќе се оздрави и дека се ќе биде ОК. Мрачните мисли и текстови само привлекуваат негативна енергија. Затворете очи, помислете на него, како убаво пее и тоа ќе отиде како искра до него, напиша Карлеуша.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.