Се огласи семејството на Викторија Џонс: „Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви“

Актерот Томи Ли Џонс и неговото семејство проговорија по смртта на Викторија Џонс на 34-годишна возраст.Во изјавата до која дојде „Пејџ Сикс“, тие испратија порака до сите што се со нив во овие тешки времиња.

„Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време. Ви благодариме“, напишаа тие.

Според извештаите, Викторија била пронајдена во несвест во раните утрински часови на 1 јануари на 14-тиот кат од хотелот „Фермонт“ во Сан Франциско. Итен повик во врска со инцидентот укажал на можно предозирање поради „дисколорација“, што обично се однесува на цијаноза, промена на бојата на кожата, усните или ноктите предизвикана од недостаток на кислород во крвта.

И покрај обидите на минувачите и болничарите да ја оживеат, Викторија беше прогласена за мртва на самото место. Полицијата во Сан Франциско наводно не пронашла никакви прибори за дрога или нешто што би укажувало на убиство или самоубиство, а причината за смртта сè уште е непозната.

Претставник од хотелот „Фермонт“ изјави дека се длабоко ожалостени од инцидентот што се случил во хотелот.

„Изразуваме искрено сочувство до семејството и најблиските во ова многу тешко време. Вработените во хотелот активно соработуваат и ја поддржуваат полицијата во истрагата“, рече тој.

За потсетување, Викторија беше ќерка на Томи Ли Џонс и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли.

Таа имала неколку помали актерски улоги, вклучувајќи ги појавувањата во „Мажи во црно“ од 2002 година и „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“ од 2005 година, а се појавила и во епизода од „Еден рид на дрвјата“. Според нејзиниот профил на IMDb, нејзината последна филмска улога била во филмот „Коњаникот“ од 2014 година, во режија на нејзиниот татко.
The post Се огласи семејството на Викторија Џонс: „Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: