Се огласи семејството на Шабан по покренувањето на тужба против убиецот на пејачот- еве што бараат од германските власти

Јавниот суд во Билефелд во Германија подигна тужба против возачот кој го управуваше возилото кое го усмрти пејачот Шабан Шаулиќ на 17 фебруари годинава.
Германскиот државјанин со турско потекло Алсин Левент наскоро пред регионалниот суд ќе одговара за убиство во сообраќајна несреќа.
По тој повод се огласи и семејството на Шабан Шаулиќ кое вели дека имаат доверба во германскиот правосуден систем.


-Имаме доверба во правниот систем на Германија и очекуваме човекот кој ја предизвика смртта на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ и му нанесе тешки повреди на Бобан Стојадиновиќ да биде адекватно казнет. Нашиот татко и сопруг ништо нема да го врати, но очекуваме правдата да биде задоволена, велат од семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.