Се одзема службениот компјутер на Јанева од СЈО

Повеќе од час и половина, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и полициските службеници кои ја спроведоа, се во СЈО.
Откако претходно, припадници на полицијата извршија претрес во домот на Јанева во Скопје, се упатија кој Специјалното јавно обвинителство.
-Се одзема службениот компјутер на Јанева од СЈО, информираше основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која денеска побара 30- дневен притвор за Јанева.
По ова ќе следи понатамошна судска постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.