Се омажи најтажната принцеза на целиот свет, а поради нејзиниот избраник државата реши богато да ја награди

Јапонската принцеза Ајако се омажи на свечена церемонија во храмот Меији во Токио, пренесува Дејли Мејл.
Ајако (28) ќерката на царот денеска се омажи со нејзиниот избраник Кеи Мориј (32) кој работи во компанија за изработка на бродови.
Жената која се мажи во Јапонија за член од царското семејство веднаш станува член од тоа семејство, но онаа жена од царското семејство која се мажи за личност која нема кралско потекло мора да си заминат од царството и палатата.

 
Поради ова принцезата Ајако морала да се откаже од титулата, а поради тоа од државата ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари.
Нејзиниот сопружник се надева дека неговата жена лесно ќе се прилагоди на обичниот живот.
-Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создадеме семејство исполнето со насмевки, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.