Се очекува драстично поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на нафтените деривати во малопродажба се очекува на следната корекција закажана за во понеделник, а е иницирано од движењето на цените на суровата нафта на светските берзи. Барел нафта на берзата во Лондон во моментов чини 55,3 долари. Тоа е речиси 4,5 долари помалку од просечната цена за претходните две недели врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди актуелните цени.
Ако трендот на намалување на цената на нафтените деривати продолжи со ова темпо, во понеделник може да се  очекува  уште едно намалување на цените на горивата слично на претходното.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.