Променливо облачно со сончеви периоди. Врнежите од дожд со умерен интензитет продолжуваат и понатаму во повеќе делови од земјата. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи се очекуваат утре вечер, кога на места врнежите ќе бидат поинтензивни и пообемни.

Поради заситеноста на почвата и зголеменото ниво на водостоите, постои опасност од нови локални поплави, излевање на помалите реки и потоци, како и појава на одрони и свлечишта, особено во западните и југозападните делови. Се препорачува внимателност при движење покрај водотеци и во клисурести подрачја.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер.



