среда, 11 ноември 2026
Најново

Се очекува пораст на температурите во Македонија во наредните денови

Сончево и топло време ќе продолжи до крајот на неделата, додека температурите значително ќе се зголемат, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Според прогнозата, температурите постепено ќе се зголемуваат од ден на ден, особено од четврток до крајот на викендот.Се очекува дневните температури да бидат над 30 степени Целзиусови насекаде во земјата, а на некои места, особено во југоисточните и централните делови, да достигнат и до 40 степени.„Во наредните денови ќе преовладува стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во сабота и недела, кога на многу места може да се надмине прагот од 38 до 40 степени“, велат од УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи: