Се појави стара фотографија од Меган, корисниците на социјалните мрежи расправаат дали таа направила операција на носот

Актерката Кетрин Мекфи објавила фотографија од тинејџерските денови на својот Инстаграм профил, на која позира со младата Меган Маркл.
“Меган и јас заедно настапувавме во мјузикл кога бевме деца. Таа сега е војвотка од Сасекс, а јас станав ѕвезда на “West End”. Имаме ист живот ако мене ме прашувате”, напишала таа под фотографијата.


Бидејќи досега не се знаеше дека тие две воопшто се познаваат, некои обожаватели изразиле сомнеж околу ова наводно пријателство од младоста, но најголемата расправа се развила околу тоа дали Меган го оперирала својот нос.
“Новиот нос на Меган изгледа како носот на Хари”, “Очигледно е дека го оперирала носот”, “Пластичната хирургија прави чуда”, “Носот ѝ е потполно поинаков, тоа е факт, секој може да го види тоа”, се само дел од коментарите кои се појавиле по фотографијата.
“Двете имаат тинејџерски заоблени лица, а Меган се смее па поради тоа нејзиниот нос изгледа пошироко”, “Тука има отприлика 15 години, сите изгледаат поинаку кога се тинејџери”, “Во меѓувреме многу ослабнала, а носот се менува со губењето на тежината”, ја бранеле останатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.