Се преврте товарно возило во Штип, возачот тешко повреден

47-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако се превртело товарното возило со кое управувал, информира МВР.
„Вчера во 15:30 часот во СВР Штип било пријавено дека во асфалтна база во Штип, додека 47-годишниот С.Т. од Кавадарци управувал товарно моторно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, при истовар возилото се превртело, при што С.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип“, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.