Се продава моминскиот стан на Кејт Мидлтон

Лондонскиот стан, во кој Кејт и Пипа Мидлтон ја поминале младоста, е на продажба за цена од околу 2.9 милиони долари.
Нивните родители, кои сега се сопственици, го купиле станот со три спални соби и две купатила, во 2002-ра година, по цена од 1.17 милиони долари, на многу добра локација. Станот се наоѓа во посакуваниот и популарниот Челзи, во близина на централен Лондон, каде недвижнините редовно се продаваат по цена од неколку милиони долари.


Хју Грант е жител на овој дел од градот, како и бројни други млади и богати луѓе, вклучувајќи ја и принцезата Дајана, која во оваа област поминала неколку години од својот живот, пред да се венча. Исто тка, нивниот стан се наоѓа во близина на пентхаусот на рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.
Станот на Кејт Мидлтон повеќе наликува на мала куќа, а се простира на два спрата, со дневна соба и трпезарија во еден комбиниран простор. Кујната на овој стан е мала, но е сосема доволно практична, додека двете спални соби имаат свои приватни купатила, кои судејќи по фотографиите, неодамна се реновирани.
Додека овој дом не ви делува претерано грандиозно, особено во споредба со нивните моментални станбени локации, веруваме дека тие уживале во него. Сепак, тој се наоѓа во областа во која сите сакаат да живеат, опкружен е со историја и има вредност која со текот на времето само ќе се зголемува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.