Се разведе од Моника Белучи, а сега 30 години помладата сопруга ќе му роди дете

Актерот Венсан Касел (51) наскоро повторно ќе стане татко. Венсан после разводот од актерката Моника Белучи се венчаше со манекенката Тина Кунаки (21), која сега наводно е бремена.
Парот се венчаше во август оваа година, во Франција, а на венчавката присуствувале мал број луѓе.
Странските медиуми сега тврдат дека Тина е бремена и дека парот ќе го добие своето прво дете.
Оваа информација стана актуелна откако Тина ја фотографирале на аеродром, каде јасно бил видлив трудничкиот стомак.


Актерот и манекенката биле заедно две години пред да се венчаат, а ова му е втор брак на Венсан.
Со актерката Моника Белучи бил во брак 14 години, а се развеле во 2013-та година. Моника тогаш откри дека таа и Венсан веќе 5 години не живееле заедно.
Се запознале на снимањето на филмот „L’appartement“ во 1995-та година, а во брак стапиле во 1999-та година. Заедно ги имаат ќерките Дева (14) и Леона (8).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.