Се разведува познатиот пар Клуни?: Убавата адвокатка заминала за Италија со децата

Во последните неколку денови се појавија гласини дека еден од најпознатите славни парови – Џорџ Клуни и Амал Клуни (поранешна Аламудин) се разведуваат по четири години брак, а нивниот развод би бил “тежок” 450 милиони евра.
Иако обожавателите на холивудскиот актер и адвокатката претпоставуваат дека станува збор само за трач, извор близок до парот сепак не би се сложил со тоа.


“По последната расправија, Амал си ги собрала работите и заминала со едногодишните близнаци Александар и Ела во нивната куќа на Сардинија. Џорџ постојано ѝ испраќа пораки и видео повици бидејќи сака да ги види децата”, изјавил изворот и додал дека Амал јасно му порачала дека може да спие во гостинската куќа ако планира да доаѓа на Сардинија.
Џорџ и Амал се запознале во 2013 година кога нивен заеднички пријател ја довел Амал во домот на актерот близу езерото Комо во Италија.
За Клуни ова е втор брак – од 1989 до 1993 година беше во брак со актерката Талија Балсам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.