Се расипа лимузината на Обама, му ставиле дизел наместо бензин

 Претседателската лимузина на американскиот лидер Барак Обама, кој се наоѓа во посета на Израел, се расипа во средата во Тел Авив, соопшти Тајната служба која се грижи за неговото обезбедување.Портпаролот на Тајната служба, Едвин Донован потврди дека се случил механички дефект и дека автомобилот не е во возна состојба, но не знаеше да објасни како дошло до тоа.Израелската телевизија Канал 2 јави дека до дефектот дошло откако во резервоарот по грешка бил ставен дизел наместо бензин.Телевизијата прикажа како шлеп служба го носи возилото, додека нов блиндиран авион веднаш е допремен со авион.Колоната возила во кога се наоѓа претседателот на САД секогаш има две исти претседателски лимузини и никогаш не знае во која се наоѓа Обама.
Макфакс Претседателската лимузина на американскиот лидер Барак Обама, кој се наоѓа во посета на Израел, се расипа

Пронајдете не на следниве мрежи: