четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА: Се самоуби руски генерал од Министерството за внатрешни работи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во село во близина на Москва денеска беше откриено безживотно тело на поранешниот заменик-началник на Главната управа за борба против екстремизмот при Министерството за внатрешни работи на Русија, генерал-мајор Владимир Макаров. Органите на редот денеска соопштија дека генералот се самоубил.

„Инцидентот се случи утрово. Телото на 72-годишниот поранешен заменик-началник на Главната управа во МВР за борба против екстремизмот, генерал-мајор Владимир Макаров, е пронајдено во неговата вила во московското село Голиково. Според прелиминарните податоци, станува збор за самоубиство“.

Во јануари, генерал-мајор Макаров беше разрешен од должноста заменик-шеф на Главната дирекција за борба против екстремизмот на МВР на Русија

Поврзани вести