Се сеќавате ли каков беше нашиот живот пред социјалните мрежи?

Се сеќавате кога среќавањето со пријателите ни беше доволно? Кога не бевме опседнати со дигиталната потврда на нивното пријателство, преку нивните коментари, лајкови и срциња под нашите коментари и слики?
Се сеќавате кога си поминувавме одлично секогаш кога ќе излезевме? Кога тишината не беше толку страшна меѓу нас? Кога не моравме да зборуваме со 5 личности истовремено? Го паметите ли моментот кога тие личности ни станаа поважни од личноста која наоѓа време за нас, за да нѐ види и сослуша? Се сеќавате ли кога уживањето во моментот беше доволно?

Кога не моравме да докажуваме што сме јаделе, каде сме биле и со кого? Се сеќавате ли на времето кога се сликавме без да мораме да ја уредуваме фотографијата, да и додаваме филтери за да мораме да им докажеме на другите дека сме доживеале совршен момент. Но, момент кој сме го пропуштиле бидејќи сме биле опседнати со тоа дека тој мора да биде дел од нашите телефони, дел од интернетот.
Се сеќавате ли кога велењето „благодарам“ беше доволно? Кога не моравме да споделуваме на социјалните медиуми за да докажеме некаква поента и да очекуваме милион коментари за тоа колку сме убави или паметни.


Се сеќавате кога „ми се допаѓаш“ беше доволно? Кога не моравме да бидеме опседнати да добиваме лајкови од непознати луѓе кои едвај нѐ познаваат?
Се сеќавате ли кога „те посакувам беше доволно? Кога не моравме да се грижиме дали ќе ни вратат на пораката и да се плашиме дали сме блокирани и избришани од нечиј телефон (а и живот) без некоја посебна причина.
Се сеќавате ли кога „те сакам“ ни беше повеќе од доволно?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.