Се сеќавате ли на Бали-бег? Популарниот турски актер се ослободи од препознатливите мустаќи и брада (фото)

Турскиот актер Бурак Озџивит е запаметен по улогата на Бали Бег во ТВ серијата „Сулејман Величествениот“, а неговите мустаќи и брада беа составен дел од неговиот имиџ и во серијата и во реалниот живот. Сега ги избричи и покажува малку поинаков изглед.Споделувајќи фотографии на социјалните мрежи, Озџивит го покажа своето лице без брадата и мустаќите што го правеа препознатлив со години. Тој го посети Монако со сопругата Фахрије Евџен и позираше за заеднички фотографии.Во коментарите напишаа дека некои луѓе го сметале за непрепознатлив, додека други се прашувале зошто решил да направи таква промена во својот имиџ и биле доста разочарани.Токму појавата на овој 40-годишен актер најмногу придонесе за неговата популарност, а од моментот кога првпат се појави на телевизиските екрани, тој стана омилен кај жените.Озџивит е во брак со познатата турска актерка Фахрије Евџен од 2017 година. Двојката се забавувала четири години пред да се венчаат, а се запознале на снимањето на серија во која играле заљубен пар.Бурак и Фахрије станаа родители во 2019 година, именувајќи го својот син Каран. Тие го добија своето второ дете во 2023 година, уште едно момче, кое го крстија Керем.

Пронајдете не на следниве мрежи: