Се случи чудо, жена на 70 години роди близнаци: Сопругот „збриша“ кога дозна

Угандаската државјанка Сафина Намукваја (70) родила близнаци, а нејзиниот доктор д-р Едвард Тамале Сали имал само едно да каже: „Тоа е извонреден успех“.

Како што пренесуваат странските медиуми, 70-годишна жена се породила со царски рез во болница специјализирана за ин витро оплодување.

Ексклузивни концерти на Калиопи во Скопје и Битола
Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во Арена „Борис Трајковски“ како и во Хераклеа – Битола, на 20 јули. Во моментов …
(ВИДЕО) Израелски демонстранти ја блокираа помошта за Газа, расфрлаа пакети со храна
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите ги фрлаат неопходните работи од камиони на земја, а содржината од картонските кутии се истура на патот Израелски …

Самата Сафина ги нарече своите близнаци „вистинско чудо“. Мама и децата моментално се во болница во Кампала и се во стабилна здравствена состојба, изјави докторот на Сафина.

Инаку, Сафина живее во селото Масака, а своето прво дете, девојче го родила пред три години. Таа немаше деца со нејзиниот прв сопруг, кој почина во 1992 година, и затоа беше етикетирана како „проколната“.

Вториот сопруг го запознала во 1996 година. Сепак, тој не присуствуваше на породувањето, па дури и исчезна кога дозна дека таа носи близнаци.

„Откако ме примија овде, тој не се појави“, рече таа.

Сè уште не е познато дали бременоста е постигната преку донирани јајце клетки или Сафина ги замрзнала сопствените јајце клетки додека била во репродуктивен период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.