Се случи чудо – Илинка Митрева се спротивстави на менувањето на името на Македонија

Воопшто не е лесно од таква стартна позиција, да кажам од урнатини, да се стигне до една ситуација, која што Заев вчера ја обелодени, дека има заемно прифатлива опција, но мене ми е жал што многу напори паднаа во вода заради еден каприц, во кој што една политичка гарнитура реши да прави нов идентитет за една земја која има свој идентитет. Ова во интервју за „Само вистина“ го изјави поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. – Тврдам дека имавме одличен инструмент, двојната формула, на која и кажавме збогум и која се чини толку далеку сега – изјави Митрева, додавајќи дека поради поранешната власт, преговорите се вратија назад и дека оваа Влада имаше многу лоша стартна позиција.

Според Митрева, без разлика какво име ќе биде договорено, доколку не се смени и Уставот, договорот за Грција нема да важи, затоа што тоа се класичните црвени линии за Грција. – Јас не знам кои се црвените линии на нашите преговарачи, но знам кои се моите. Моите црвени линии се дека не смее да има промена на Уставот и дека не смее да има прифаќање на принципот ерга омнес. Мора да се зачува достоинството на овој народ, на нацијата и на јазикот. Многу е значајно да се најде решение, коешто нема да предизвикува фрустрации кај македонските граѓани – изјави Митрева.

Прочитајте за тоа која е Илинка од нејзината кратка биографија повлечена од Википедија: Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.
Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.