Се трага по 16 годишно девојче кое исчезнало во водите на Вардар, спасена е 26 годишна девојка!

Итна интервенција – Потрага по исчезнато лице во реката Вардар, информира Центарот за Управување со Кризи.
Вчера, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува и денеска

Пронајдете не на следниве мрежи: