Се тресе Грција: Земјотрес на познатите острови

Меѓу грчките острови Родос и Карпатос, во 14.58 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, засега, нема информации за штети или какви било проблеми од земјотресот.
Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија во Атина, епицентарот бил 46 километри североисточно од островот Карпатос.
Островот Родос се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолискиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот.


Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот , едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство.
Денес, островот е еден од најпопуларните туристички дестинации во Европа. Името на американската држава Род Ајленд се базира од овој остров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.