Ако можат полуписмени политичари да се кандидираат за градоначалници, и тоа со помош на партии,и тоа без срам дека ништо не покажале во минатото освен криминали по сите нивоа на партиские врхушки, или како што велат сега магаре да кандидираш ке освои гласови од владеачкиот корпус, тогаш зошто да нема кандидати од еснафскиот граѓански корпус.
Правото да се покрене кандидатура од само два потписа ги охрабри и независните и интелектуалните средини кои се незадоволни од нешто што е како Данела на понуда, зад која застанаа па ја напушти коалицијата што ја поддржа. Сега е можеби добар момент да се пријават што повеќе кандидати и на крајот да се преброи дали повеќе гласови ке добијат, власта, опозицијата или независните листи и поединци, велат аналитичарите.
Досега има шест официјално номинирани кандидати – шестмина од политичките партии и еден независен кандидат.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Скопје го номинираше актуелниот градоначалник на Кисела Вода , Орце Ѓорѓиевски.
Опозицискиот СДСМ ја кандидираше потпретседателката на партијата Каја Шукова, која е поранешна министерка за животна средина и просторно планирање.
Опозициската Левица настапува со кандидатот Амар Мециновиќ, кој е пратеник во Собранието.
Коалицискиот партнер во Владата, коалицијата на партии на Албанците – Вреди, за градоначалник на Скопје го кандидираше Башким Бакиу, кој во моментов ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопје.
Опозициската коалиција на албанските партии, Европски фронт, пак, во Скопје ќе настапи со Скендер Реџепи Зејд, кој е пратеник во Собранието и лидер на партијата Народното движење.
Денска промоција и на професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ, која е поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“, во која се обединети граѓански иницијативи од три скопски општини – „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
Кандидатурата ја потврди за медиумите и Александар Рашковиќ, професор по дизајн на Европскиот универзитет, кој ќе настапи како независен кандидат поддржан од партијата ТМРО.
Марковски кандидат за Градоначалник на Скопје; Скопје му е итно потребна помош! Безусловна помош.
Освен овие седум кандидати, до крајниот рок за поднесување на кандидатурите се очекуваат уште номинации. Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ најави дека ќе има своја кандидатка за Град Скопје, но во последен момент ја откажа промоцијата, затоа што кандидатката се откажала поради здравствени причини. Не е познато која беше кандидатката и не е познато дали оваа иницијатива ќе номинира друг кандидат.
Крајниот рок за поднесување на листите на кандидати, според роковникот на ДИК е 13 септември на полноќ.


