СЗО:Денеска е забележан рекорден број новозаразени во светот

Светската Здравствена Организација објави дека во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новоинфицирани со ковид-19, со повеќе од 350.000 нови случаи.
Новиот дневен рекорд го надминува претходниот максимален дневен број на заразени за скоро 12.000 инфекции. Докторот Мајкл Рајан од СЗО на прес-конференција рече дека засега „нема нови решенија“, пренесува АП.
Тој додаде дека СЗО сака да избегне повторно воведување карантин што ја уништи економијата, но затоа владите мора да обезбедат заштита на најранливите групи и да спроведат нови мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.