СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек

Шефот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), доктор Мајк Рајан, денеска одби да ги коментира извештаите за новиот лек Ремдесивир кој наводно може да им помогне на болните од Ковид -19.
– Не би го коментирал ова прашање бидејќи не ја разгледав детално документацијата на производителот, рече доктор Рајан и додаде дека во некои случаи може да бидат потребни дополнителни студии со цел со сигурност да се констатира дека некој лек е ефикасен.
– Но, се надеваме дека ќе се докаже дека и овој, но и други лекови, можат ефикасно да им помогнат на болните од Ковид-19, додаде Рајан на видео прес конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.